Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 9 позитивни на ковид-19, оздравено едно лице, активни 46 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 7.647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола има 9 нови позитивни.

Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од кои Битола е едно оздравено лице.

Пријавено е едно починато лице од Скопје (71), починатo во болнички услови.

До сега во Битола има 6.358 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни 46 случаи.

 

Направени преку ЦЈЗ Битола 124 и преку “Плодност“ 51 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.012.809 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618.

More from ВестиMore posts in Вести »