Press "Enter" to skip to content

На самиот старт на сезоната тројца нови фудбалери во Пелистер

На самиот старт на наредната сезона екипата на Пелистер доби уште двајца фудбалери. Во Битола, под Тумбекафе дојде францизинот, Глоир Антонио, кој има 24 години, ќе игра во офанзивен играч за врска, но и ќе помага во нападот. Глоир доаѓа од бугарскиот второлигаш Бургас, каде што настапуваше во минатата сезона, а претходно ги бранеше боите и на тимот на Пирин

Вториот фудбалер кој веќе му е стабен на располагање на тренерот Капинковски е младиот Виктор Крстевски, пак, кој може да одговори на скоро сите позиции во последната линија. Крстевски доаѓа од екипата на Вардар.

Претходно во Битола дојде 23-годишното лево крило Албан Сулејмани, кој има искуство од повеќе македонски тимови, но во кариерата има и интернационално искуство. Сулејмани кариерата ја започна во Македонија ЃП, од каде преку Ренова стигна до полска Легија, а ќе игра во Пелистер на крилните позиции.

Овие две имиња нема да бидат последни во Битола, а се очекува да пристигнат уште најмалку две странски засилувања.

Во првото коло од новата сезона, утре недела, Пелистер ќе гостува во Скопје, кај екипата на Македонија ЃП.

More from СпортMore posts in Спорт »