Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ја повредил сопругата со воздушна пушка, украдени пари од колонијал со закана

На 06.08.2021 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 51 годишник од битолско село, затоа што околу 19.05 часот во семејниот дом со воздушна пушка пукнал кон неговата сопруга и ја повредил. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
 
На 06.08.2021 во 20.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во колонијална продавница на ул. “АСНОМ“ во Битола едно лице со закана кон вработената одзелo пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.