Press "Enter" to skip to content

Хуманитарен базар за помош на Лидија на “Магнолија“ во Битола

Вчера, денес и утре на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржува хуманитарен базар, а целиот приход ќе биде наменет за помош на нашата сограѓанка Лидија Ристевска за лекување во странство.

Помагателите ќе изложат свои производи и дела, посететете го базарот!

Сигурно ќе најдете нешто што ви се допаѓа, купете и помогнете!

Хуманоста е најдоброто дело,  да докажеме сега, а сите заедно до успех на Лидија!