Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 15 позитивни на ковид-19, активни 57 случаи

Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на КОВИД-19, од кои во  Битола се 15.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти, нема од Битола.

До сега во Битола има 6.373 лиц акои биле или се позитвни на ковид-19, а активни се 57 случаи.

Пријавени се 4 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола- 100 и  преку “Плодност“ 56 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.019.192 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994.