Press "Enter" to skip to content

Денес е Света Петка – Летна: Чуда се случуваат на овој ден, Битола има три верски објекти посветени на Светицата

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка). Во Битола се наоѓаат три верски објекти посветени на оваа светица, црква изградена во модерен стил, параклис и мала црквичка.

Најновата и најмодерната црква “Св. Петка“ која е изградена во нашиот град се наоѓа во населбата, која битолчани сега ја знаат како “кај скопската пивара“. Таа е изградена во осумдесеттите години на минатиот век, е според многумина во тоа време беше најмодерната црква и предизвика големо внимание кај архитектите, црковните лица и верниците. 

Покрај оваа црква кај круќниот тек над реката Драгор, кај Црн Мост, можеби десетина години фукционира мал парклис посветен на Св. Петка. Параклисот беше на потпорниот ѕид од камен, пред да се изгради големиот кружен тек, каде сега се наоѓа убаво уреден простор. Просторот го одржуваат жителите од овој дел, а може да ги пофалиме бидејќи секогаш е уреден и чист, а битолчани имаат убави место за одмор и дружење.

На стотина метри од параклисот кај Црн Мост, пред неколку години беше изградена мала црквичка, која е направена според каноните на МПЦ. Има олтар со ликот на Св. Петка, а има и насликани фрески по ѕидовите. 

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, (во стариот завет саботата била празник, а не неделата) бил ден за подготовки пред празникот. Во петокот евреите се подготвувале за саботата. Параскева значи подготовка.Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите го раздала целиот свој имот на сиромашните и се замонашила. Со голема ревност целиот живот го посветила на христовото учење. Поради тоа и пострадала, и била отсечена главата. Целиот настан се случил во вториот век.

More from ВестиMore posts in Вести »