-Деновиме завршувам некои книги посветени на битолскиот спорт, за кој ќе зборуваме подоцна, па затоа се одлучив љубителите на спортот во Битола да ги потсетам како стартуваше спортската сезона 2011/11, пред се за фудбалерите и ракометарите на Пелистер, за стартот на сезоната и подготовките, започна со своите сеќавање Димче Миновски доајен на битолското новинарство и хроничар на Битола, кој вели:-Да бидам искрен секој старт на спортската сезона за Битола е карактеристичен по тоа ретки биле годините кога се стартувало без проблеми, секогаш проблеми со пари, со договори, посебно во фудбалот, а имало проблеми и во ракометот, па затоа многупати имало и принудна управа да се се стартува во лигите.
-Фудбалерите на Пелистер второлигашка сезона 2011/12 ја почнаа по стариот рецепт и на само неколку дена пред стартот на натпреварите фудбалерите се одлучија на штрајк и ги прекинаа завршните подготовки за новата сезона. По ветување за финансиска помош од Општината, дека идната седмица би добиле една плата одлучија да ја одиграат првата средба од Втората фудбалска лига против екипата на Кораб од Дебар. Во една неубедлива
игра фудбалерите на Пелистер ја забележа и првата победа во Втората лига, со головите на Китановски и Коњарски 2:0.Пелистер го водеше Наџат Хусеин, а играа Гоновски, Драгарски, Ралевски, Пановски, Т. Китановски, Симоновски, Коњарски, Талевски (С. Велјановски), Василев, Алтипармаковски Рамадан), Димитровски (Анастасов). По оваа победа забележаа и втора по ред на гостување, вели Миновски.
Ракометарите на Пелистер заминуваат на подготовки во Црна Гора, а покрај тренинзите таму под раководство на тренерот Ратко Ѓурковиќ ќе одиграат по два натпревари со екипите на Ловќен и Сутјеска.
На подготовки заминуваа сите ракометари на кои Ѓурковиќ смета за настап во Супер лигата и на меѓународен план, а и засилувањето од Либан, Кодор Ал Нахас. Тој е првиот ракометар кој не доаѓа од Европа, а го облекол дресот на Пелистер, прецизно вели Миновски.
Миновски додава дека во неговиот спортски бележник за август 2011 година се и кошаркарите, кои играле во Втора лига, но во тој период имало иницијатива клубот да го преземат поранешни кошаркари, кои за мали пари би ја одиграле сезоната, но ако се сека влез во прва лига ќе треба поголема организација на клубот.

Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер стартуваше како второлигаш, ракометарите на подготовки во Црна Гора (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Каспер Кисум останува во Битола, официјализира Еурофарм Пелистер
- Современата бајка “Пепелашка“ на Националната опера и балет ја воодушеви публиката во Битола (фотогалерија)
- Зоран Талески, директор на КЈП “Нискоградба“: работиме транспарентно, отчетно и посветено во служба на граѓаните (фото)
- Во Битола тутурска настава за децата Роми во рамките на програмата “РОМАКТЕД 2“
- Општината Новаци ќе доделува стипендии за сите новозапишани студенти на УКЛО Битола од Новаци (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Каспер Кисум останува во Битола, официјализира Еурофарм Пелистер
- ФК Пелистер од Битола не ги продолжи договорите со четири фудбалери
- “Таскфорце БПО“ генерален покровител на КК Пелистер од Битола
- Влатко Костов нов тренер на ФК Пелистер од Битола
- Пелистер поразен во Битола, кошаркарите на МЗТ шампиони (мега фотогалерија)