Press "Enter" to skip to content

Стартуваа прволигашите, пораз на Пелистер во Ѓорче

Македонија ЃП – Пелистер 1:0 (1:0)

Екипата на Пелистер со пораз стартуваше во првото коло од новата фудалска сезона, на гостувањето во Скопје, а поразени се од екипата на Македонија ЃП, минимално со 1:0, полувреме 1:0.

Домаќините не дојдоа до победа толку лесно како што се надеваа, бидејќи “пелистерци“ не дојдоа во Ѓорче од Битола со бело знаме и му направија многу проблеми, иако не се онака подготвени и комплетирани како посакува тренерот Димитар Капинковски.

Екипата на Македонија ЃП победата ја обезбеди во првото полувреме со голот на голот на Воша, но и Пелистер имаше шанса да дојде до израмнување, прво преку Размоски кој  ја погоди стативата, а најголемата шанса ја пропушти капитенот Маневски, откако неговиот удар со глава Мишевски го сопре од самата гол-линија, за што реагираа битолчани со образложени дека топката ја помина гол линијата, но регираат и за други грешки на судиите.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »