Press "Enter" to skip to content

Слаткаристика и “2 Бона“ македонски тинејџерски идоли со спектакл на ракометно (фотогалерија)

„Дуото “2БОНА“ – Марио Кун и Бонтони, нови идоли на тинејџерите во Битола“ беше наслов на текстот во нашиот портал – 19 август 2019 година, после нивниот настап во “Sun, Love Happiness pool bar“. Ова лето на 6 август повторно, после подолга пауза поради пандемиските случувања, тинејџерите конечно  присуствува на концертот на нивните идоли од дуото “2 Бона“ кои настапија заедно со  Марко Маринковиќ – Слаткар.Ракометното игралиште во Битола беше исполнето до последно место и повеќе илјадната млада публика имаше можност да присуствува  на еден од најенергичните настани кој се случи ова лето.Во моментов, најактуелните домашни рап артисти „2Бона“ заедно со легендата на македонскиот хип хоп, единствениот Слаткаристика на концертот пред битолските тинејџери направија мал спектакл. На почетокот пред нивниот настап за загревање и  атмосфера беше задолжен DJ Oky Doky.Дуото под името “2 Бона“ го сочинуваат Марио Јелиќ-Кун (продуцент, артист и текстописец) и Антонио Стојановски-Бонтони (продуцент, артист и текстописец). Тие веќе неколку години творат музика која е поразлична, но препознатлива за ова дуо. Таа музика е спој на рап, хип хоп, аренби и регетон.  Марко Маринковиќ – Слаткар познат под сценското име Слаткаристика македонски рапер, продуцент, поп и хип-хоп пејач.Битолската млада публика  заедно со своите идоли Слаткаристика, Кун и Бонтони во еден глас ги пееше и играше на урбаните стихови од нивните хитови кои имаат и над  2 милиони прегледи на “You Tube“. Во текот на летната вечер се редеа хитовите – „Дијаманти“ кој го изведуваат заедно со Слаткаристика (со повеќе од десет милиони прегледи)  „Главо луда“, “Балкан“, “Моет“,  “Милиони“, “All eyes on us“, “Не ми дава мир“. Хитот „ Colombiana“ кој го изведуваат со Елена Китиќ од Србија со осумнаесет милиони прегледи на You Tube.Концерт кој сигурно ќе се памети по енергичните настапи на изведувачите, особено за оние тинејџери на кои оваој им беше прв концерт. Концерти им недостасуваа на тинејџерите заради пандемија и карантин. На нив им се  потребни идоли со кои се идентификуваат и изгледа  ги пронајдоја во овие македонски изведувачи.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »