Press "Enter" to skip to content

Фото вест: патеката за Тумбекафе го доби новиот лик, се чека асфалтирањето

Големиот број на битолчани кои редовно рекреираат на Тумбекафе над Битола, секојдневно гледаат како напредуваат градежните работи околу новата патека која води кон Зоолошката градина во Битола, “справите“ за вежбање, а оттаму преку “радарот“ до Смолево.Патеката која веќе е во завршна фаза, го има својот нов лик, поставени се целосно ивичниците, а местата кои се пошироки се поплочени со камени “коцки“. Поставени се дел од сливниците каде ќе се собира водата, за да не тече по асфалтот, кој сите го очекуваат со нетрпение, а најповеќе велосипедистите кои од тука го започнуваат возењето низ Потпелистерието.Но, битолчани најповеќе се израдуваа со тоа што “коцката“ се залева со бетонска каша и тешко ќе биде некој несовесен да краде плочка по плочка, како и што има случаи некаде низ Битола.