Press "Enter" to skip to content

Две победи на Еурофарм Пелистер на подготовките во Маврово

Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 31:24

Еурофарм Пелистер 2 – Металург 29:21

За време на подготовките во Маврово екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола покрај тоа што ги одработи базичните подготовки кои ги предводеа тренерите Александар Јовиќ и Александар Зарков, одиграа и контролни натпревари против Еурофарм Пелистер, и со екипите на Прилеп и Металург.

На ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 според тоа како ги одиграа два последни натпревари против, тренирањето во полн ритам им донесе и добра форма пред почетокот на новата сезона во Супер лигата, а тоа го докажаа и со двете победи.

Првата средба на подготовките во Маврово ја играа против екипата на Прилеп која ја добија со 31:24, а потоа го победија Металург со 29:21.

Минатата сезона, Екипата на Еурофарм Пелистер 2 стигна до плеј-офот, а со такви амбиции се и оваа гофина со оглед на новите имиња кои се оваа сезона во тимот.

More from ВестиMore posts in Вести »