Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 14 нови позитивни, 1 оздравен пациент, активни 69 случаи

Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола има 14 лица кои позитивни.

Регистрирани сe 31 оздравени пациенти, едно лице е од Битола.

До сега во Битола има регистрирано 6.387 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 69 случаи.

Пријавени се 4 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 114 и преку “Плодност“ 76 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.

More from ВестиMore posts in Вести »