Press "Enter" to skip to content

Отворен пункт за антиковид имунизација на жителите во “Баир“ (фото)

Поголема здравствена заштита, олеснет и зголемен пристап до здравствени услуги, конкретно антиковид имунизација на жителите во населбата „Баир“ е целта на заедничката акција за отворање на пунктот за имунизација, што се реализира како плод на успешната соработка на проектот „БАИР“ со Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ од Битола. Пунктот ќе биде лоциран во просториите на месната заедница „Димитар Влахов“, а ќе биде отворен за сите жители од среда до петок, од 16 до 19 часот.Оваа, впрочем е првата активност на едношалтерската сервис услуга во рамките на проектот. Поточно еден ден во неделата во текот на следните 2.5 години, во месната заедница ќе присуствуваат вработени од: ЈКП „Водовод“, ЈП „Комуналец“, ЈП „Нискоградба“, „Меѓуопштински центар за социјална работа“, „Центар за јавно здравје“ и општински советници за образование.-Жителите на „Баир“ ќе може лесно и брзо да ги адресираат своите проблеми, а вработените да преземат брзи мерки и адекватни решенија. Ова е практична реализација на обврските кои што се предвидени со веќе потпишаните меморандуми за соработка со сите институции во текот на месец мај. Сакам да истакнам дека директорите на овие институции покажаа навистина голема подготвеност и отвореност за соработка, за прифаќање на идеите кои доаѓаат од граѓанскиот сектор, конкретно од проектот „БАИР“, што говори за нивната сензибилизација за потребите од остварување на што поголеми социјални права на припадниците на ромската заедница во Битола. Имплементацијата на проектот „БАИР“ започна на почеток на годинава, а ќе трае 3 години, рече Климентина Ѓорѓиевска – проект менаџер.Главната цел на проектот е сеопфатна социо-економска инклузија на ромската заедница од населбата Баир. Една од клучните проектни активности е урбана надградба и регенерација што вклучува промена на постоечкиот ГУП на град Битола и ДУП за Баир, како и реконструкција на улиците „Струшка“ и „Сутјеска“, сѐ со цел значително подобрување на условите за живеење на ромското население. Дополнително, предвидени се активности за јакнење на капацитетите на заедницата, во месната заедница „Димитар Влахов“ веќе шестти месец функционира тим за поддршка на населението, а ќе следат културни и спортски настани во насока на поголема вклученост на Ромите во социо-културниот живот на Битола како и промоција на истакнати Роми спортисти. Додека, третата проектна компонента во чии рамки е Едношалтерската сервис услуга, вклучува и интегрирани кампањи за поткревање на свеста и герила акција за еднакви права и пристап до јавни услуги.Проектот е финансиран од Европска Комисија, во рамките годишната акциска програма за Република Северна Македонија за 2019 со инструментот за Претпристапна помош (ИПА 2), ЕУ за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија. Партнери во проектот „БАИР“ се италијанската НВО „ЦОСВ“, Фондацијата за одржлив економски развој „ПРЕДА Плус“ и Општина Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »