Press "Enter" to skip to content

Првиот ракометен трофеј сезонава во Битола или Скопје, ќе се знае вечерва

Денес со почеток во 19 часот, во спортската сала “Борис Трајковски“ ќе се одигра ракометниот спектакл помеѓу двете најквалитетни домашни екипи Еурофарм Пелистер и Вардар, по што ќе се знае победникот, односно дали пехарот за Супер купот ќе остане во Скопје или ќе патува за Битола

Најтрофејните македонски ракометни клубови во овој натпревар официјално ќе започнат новата ракометна сезона во Македонија, која се очекува со оглед на засилувањата на клубовите и вложувањата да биде понеизвесна од претхоните кои се во знак на Вардар.

Во ракометниот суперкуп, Вардар е единствениот освојувач на овој трофеј, а досега ги има три пати освоено овој трофеј, кој поради ковод кризата лани не се одигра. Вардар два пати го победи Металург и еднаш Еурофарм Работник. Вардар лани ги освои двата трофеи, но поразениот во Купот игра во супер купот.

Вардар ќе го има на клупата новиот тренер Веселин Вујовиќ, а има многу нови имиња и високи амбиции. Бабиќ и Пелистер стартуваа со познати имиња, но и со засилувања, па затоа ова ќе биде прва сериозна пресметка на двата клуба, која ќе продолжи во Струга, на финалето во недела, доколку се биде како и се очекува.