Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пријава за пукање со воздушна пушка и опожарена штала во Рапеш

На 11.08.2021 година околу 19.15 часот во СВР Битола, Ј.Г. (21) од Могила пријавила дека во куќата во која живее слушнала звук, по што во поткровјето пронашла дијабола од воздушна пушка и забележала оштетување на влезната врата од поткровјето и на саксија со цвеќиња. Увид извршила екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.08.2021 година во 13.05 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Рапеш, битолско, настанал пожар во штала сопственост на З.Т. од село Рапеш. Од пожарот биле зафатени и четири плевни. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот.