Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ, задоволен по освојувањето на Супер купот: исполнив едната своја мисија, донесовме трофеј во Битола

По победата на Еурофарм Пелистер во Супер купот, над екипата на Вардар во Скопје, тренерто Жељко Бабиќ, на кој му е ова прв трофеј во Македонија со клубот од Битола, не го криеше задоволството од тоа како одигра неговиот тим во натпреварот за победа од 31:22, и рече дека е среќен поради тоа.

Хватот кој е веќе повече од една година во Битола, истакна дека е среќен што успеал да донесе титула во Битола, што е одлична најава за сезоната која следи и рече:

-Мислам дека ние добро го искористивме отсуството на низата играчи од Вардар и секако дека поголемата ротација го одлучи победникот. Имавме и добри голмани. Одигравме во доста висок ритам. На сите ни беше сон да дојдеме до титула, можам да кажам дека ја исполнив едната своја мисија, да освоиме еден трофеј за нашата Битола. Се радувам за тоа.

Но, за двете екипи нема одмор, вече од утре ќе бидат во Струга, каде ќе се игра традиционалниот ракометен турнир, а се очекува следниот натревар за титула да го имаат во недела вечер, за кога е закажано финалето. Минатата сезона победник на струшкиот турнир беше екипата на Еурофарм Пелистер, а го победи Вардар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »