Press "Enter" to skip to content

Утре тркалезна маса на тема “Родово еднакви – спортски здрави“ или за жените во спортот

Утре во хотел „Премиер“ во Битола, во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), мобилизаторот Мартин Николовски организира тркалезна маса на тема: „Родово еднакви – спортски здрави“.

Целта на тркалезната маса е да дискутира за моменталната состојба на учество на жените во спортот и спортските федерации и да произлезат препораки и потенцијални решенија за зајакнување на улогата на жената во спортот и спортските федерации.

На тркалезната маса учество ќе земат претставници од Агенцијата за млади и спорт, локалната власт и спортските федерации, а се организира на национално ниво каде ќе се дискутира во насока на зголемување на процентот на учество на жената во спортот.

Модератор на тркалезната маса ќе биде проф. д-р Моника Марковска, која ќе има и поздравно обраќање и вовед во настанот, Мартин Николовски, мобилизатор на заедницата ќе зборува за резултатите од мониторинг. Татјана Блажевска од Агенција за млади и спорт, ќе зборува за моменталната состојба на жените во спортот, предизвици и можности за родова еднаквост во спортот. На тркалезната маса ќе зборуваат и претсавници на локалната власт, и жени вклучени во спортските клубови, конкретно од ЖФК Топ Гол.

На крајот ќе има и отворена дискусија со учесниците на тема  како да се подобри состојбата за вклучување на жената во спортот; како до поголема родова еднаквост во спортот, по што ќе бидат донесени препораки.

More from ВестиMore posts in Вести »