Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен дилер од Битола, при претрес запленета дрога

На 12.08 2021 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, приведен е 39 годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. 

Имено, врз основа на наредба за претрес на дом, издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола,  извршен е претрес во домот на приведениот во Битола, при што се пронајдени и одземени поголема количина марихуана, едно пакување амфетамин и масло од канабис. 

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Битола, по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

More from ВестиMore posts in Вести »