Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го победи Металург на Струшкиот ракометен турнит

Еуеофарм Пелистер – Металург 25:24 (13:14)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер е победник во натпреварот на Струшкиот ракометен турнир во рамките на “А“ групата, го победи Металург со гол разлика 25:24, полувреме 13:14, во натпреавр кој беше одлучен во последните минути.

Во првото полувреме ракометарите од Битола играа добро, а како резултат на таа игра им донесе +4  9-5 на средината од првиот дел. Потоа следуваше серија на Металург, (6:2) резулатот се израмни 11:11, а на полувреме “металурзите “ имаа гол предност 13:14.

Второто полувреме започна со предност на Металург 14:16, а потоа се играше нерешено, а во последните минути “пелистерци“ влегоа со гол предност. Во последната минута Еурофарм Пелистер тргна со гол предност, 25:24, а таа предност ја одржа до крајот на натпреварот.

Божиќ Павлетиќ беше најефикасен со седум голови, Табоада постигна 6 и Мандалиниќ  5 гола. Голманот Секељи имаше 12 интервенции.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »