Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“, открива иктерус или жолтица, со помош на ехо на абдомен

Со д-р Чипуровски претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации  за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Чипуровски зборуваше за иктерус или жолтица, клиничката слика и кои лабараториски тестирања откриваат дека постои ова заболување, кое е познато како покачување на белирубините во крвта.

Кажете ни како се препознава ?

-Клинички обструктивната жолтица се карактеризира со јадеж по телото, пожолтување на кожата и склерите, со светол измет поради зголемено ниво на стеркобилин и темна мокрача поради зголемено ниво на уробилиногенот во неа.Каква клиничка слика дава ?

-Жолтицата како заболување или иктерус клинички се презентира со пожолтување на склерите и  кожата на пациентот, додека лабараториски со зголемување на тоталниот, индиректниот белирубин често и на црнодробните трансаминази АСТ ои АЛТ. Постојат три типа ма жолтица – иктерус и тоа: хемолитичен како последица на зголемен распад на еритроцитите кај некои болести на крвта како хемолитички анемии, хепатоцелуларен најчесто инфективен при хепатитис Б и хепатитис Ц и обструктивен иктерус – жолтица која настанува поради опструкција на жолчните патишта најчесто ductus choledochus кој се визуализира со помош на ехо на абдоминални органи во нашата ординација. Воедно може да се одреди и самата етиологија на обструктивната жолтица која може да е конкременти но жолчни патишта, тумори или метастази. Доколку опструкцијата е на ниво на ампула “Ватери“ често настанува и компликација како панкреатитис и често има потреба од додатни испитувања како ERCP за кое ќе зборуваме во друга прилика.

Третманот на обструктивната жолтица е со ендоскопска или со хируршка интервенција. Сите испитувања и понатамошен тек на третирање може да ги направите во нашата ординација. ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“ во Нова Битола.