Press "Enter" to skip to content

Христо Динев првиот битолчанец со медали на маратонот од 5 километри (фото)

-Водата е идеална затоа што ми овозможува слобода во движењата, мисли и чувство на леснина, но  пливањето маратон бара добра психофизчка подготвеност, вели Христо Динев од Битола.

Повод за разговор со 17 годишиот Христо Динев ученик во Гимназија „Јосип Броз Тито “ од Битола и неговото успешно учество во маратонско (далечинско) пливање. Последениот негов успех е учество на  вториот меѓународен маратон во пливање кој се одржа на Крушевско езеро. Маратонот 5 км и го носи името„Тоше Проевски“  беше во организација на пливачкиот клуб Пиранос, каде нашиот  битолчанецот Христо Динев освои 2 медали и  успешно го претставуваше клубот Олимпик од Битола. Со тоа Христо Динев официјално е  првиот битолчанец со освоени медали на далечинско пливање 5 км.

Христо Динев започнува да тренира пливање од својата 4 година, најпрво во пливачкиот клуб Југ, потоа продолжува во Олимпик каде тренира, до ден денас под тренерската палка на Кире Марков кој е презадолен од постигањата на младиот Христо кој има само 17 години.-Во зависност од условите кои ги имаме,  се гордеам со постигањата на Христо беа зборовите на неговиот тренер Кире Марков кој додаде неговиот успех на овогодинешниот маратон беше продолжување на позитивен тренд во освојувањето на медали  од минатата година каде под покровителство на Пливачка Федерација беа освоени медали на следните маратони кои беа одржани на Охридско, Крушевско и Мавровско езеро. Добиените резултати овозмозија да минатата година ја заврши на трето место во генералниот пласман на национално ниво.

Разговорот го направивме помеѓу неговите интензивни тренинзи  два пати во текот на денот за понатамошните натпреварувања кои го очекуваат, при што го запрашавме: пливањето е еден од најтешките, но и најздрави спортови за развој на телото. Кажи ни како започна да се занимаваш со овој спорт?-Започнав на 4 годишна возраст,на почеток рекреативно, но со текот на времето прераснаа во посериозни со  натпреварувачки дух под водство на тренерот Кире Марков од Спортско пливачко друштво Олимпик. Од својата 14 година  започнав да тренирам поинтензивно и тоа преку летните месеци на Олимписки базен, а во зимската сезона во затворениот базен во хотел “Епинал“. Подоцна и во соседна Грција во Птоломеида каде има подобри услови затворен базен 50 метри за интензивни тренизни бидејки кај нас во Битола ги нема. Тука би сакал да ја истакнам големата поддршка и правилна насока од страна на моите родители кои и ме праќаа на тренинзи од најамала возраст, и секако овозможување на добри услови.

Први успеси, учество на натпревари во пливање, маратони. Кажи ни повеќе?…

-Прв позначаен успех учество на маратон Охридски бранови во 2017година. Двата маратони во Крушево, првиот се одржа на 9 август 2020 каде освоив 2 место. Оваа година на 5 км маратон во Крушево во организација на Пиранас клубот. Имаше серија маратони кои беа одржани на Охридско езеро –Св.Наум , Крушевско езеро и Мавровско езеро кои се бодуваа и завршив на 1 и 3 место.

Идни планови и други натпревари ?

-Сега имам интензивни тренизи секој ден од 9: 00 – 10:30 и попладне од 16:00 – 18 :00 часот на Олимписки базен при ресторан Император кој излезе во пресрет на нашиот клуб и можеме да тренираме и временските услови тоа ни го дозволуваат. На 15 август не очекува Отворено првенство во Охрид во дисциплина брзинско пливање кое ќе се одржи на Билјанини извори на базенот „Атина Бојаџи“ го носи името на нашата пливачка во маратон која го преплива каналот Ла Манж. Покрај мене ќе има и други пливачи, односно вкупно ќе бидеме 18 од нашиот клуб, од кои најмалиот има 6 години. Во месец септември пливачки маратон – 2.5 км на езерото „Младост“, а потоа и “Делфин Куп“ од  Скопје во месец септември.Пливањето позитивно влијае на психофизичкиот, но и на социјалниот развој па затоа што како и кај другите спортови, подразбира социјални контакти и дружење. Што ќе кажеш околу ова?

-Секако дека најпозитивно  и дружењето, социјалните контакти, нови пријателства со пливачи од други клубови. Тука би го нагласил и запознавање со личности спортисти од овој спорт кој ни се така да кажам наши идоли. За мене тоа е најпознатиот македонец во маратонско пливање Евгениј Поп Ацев од Скопје со кои имав чест да се запознаам и да ми даде мотивација, совети  и поддршка во оваа дисциплина, за да издражам понатаму. Бидејќи овој спорт како и секој бара многу напор, упорност и откажување од многу работи.

Кои се мислите, чувствата кога се плива маратон…

-Водата е идеална и овозможува слобода во движења, мисли, чувства., чувство на леснина што ми го дава и ме опушта. Но ќе кажам дака маратонот бара голема психофизичка спремност, бидејќи може да се јават и некои непредвидливи ситуации.  Потоа мора да имаш голема концентрација во броењето на круговите за да го исполниш 5 км маратон. Доколку во пливањето има  чамец со екипа која те прати, како што беше претходно (пред пандемијата),  ни го покажува правецот, бројот на кругови км кој си испливал, има олеснителни околности, но на последните маратони заради мерки од ковид-19 тоа го  немаше поддршката со која може да те насочи и информира уште колку кругови преостануваат и истовремено да ти даде морална и друга поддршка. Секако во основата е потребно да си добро психофизички подготвен.

Од Христо Динев нашиот маратонец не очекуваат уште многу успеси и можеби нашиот иден  претставник кој ќе не претставува на следна олимпијада.

Ж. Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »