Press "Enter" to skip to content

Emerging Technologies – настан во организација на Bintern за собирање на ИТ заедницата во Битола (фотогалерија)

Во просториите на IT Crowd, Bintern во Битола сеорганизираше настан под името Emerging Technologies. На настанот имаше голем број на посетители од IT секторот.Целта на овој настан беше  и пошироко на едно место и споделување на знаење за новите и брзо растечки технологии. Овој настан им понуди одлична можност на посетителите да се запознаате со искусни луѓе од ИТ индустријата и да дознаат што е следно во истата.На настанот имаше и тројца говорници кои зборуваа за доста интересни теми кои несомнено пројавија голем интерес кај посетителите.Па, така прв на настанот после воведниот говор на сопственикот на Bintern, се обрати Деан Јошевски кој е раководител на ИВ Едукативниот Центар. Тој пред присутните зборуваше за системски интеграции со SnapLogic и како тие функционираат.Како втор од говорниците кои им се обратија на присутните беше Илче Беделовски, сопственик на IT Crowd и Nexrow кој зборуваше за DevSecOps, односно за неговата работа како DevOps инженер и предизвиците која ги носи таа професија и концепти кои се применуваат во истата.И на крајот на присутните им се обрати Никола Бубевски од Native Teams кој ја претстави пред присутните работата на неговата компанија, зборувајќи за freelance-от, односно како Native Teams им помага на фриленсерите ширум светот.На крајот по завршувањето на говорите, на тројцата говорници им беа доделени и  благодарници од страна на организаторот Bintern за нивниот придонес во одржувањето на овој настан.Се разбира дека целта на овој настан беше да се промовираат компаниите од овој регион кој се занимаваат со ИТ, со што Bintern успеа во својата цел, а тоа е да ја собере на едно место ИТ заедницата со цел да си разменат искуства од нивното работење. Со овој настан, Bintern успеа да се докаже како една од водечките компании во регионот која ги спојува работобарателите со компании кои имаат потреба од вработени или практиканти.Повеќе информации за Bintern на следниот линк https://bintern.com

More from ВестиMore posts in Вести »