Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола се наоѓа во Струга каде вечерва ќе го игра во финалето на традиционалниот, 49. по ред, Струшки ракометен турнир, каде противник за освојувањето на пехарот, повторно како и во Супер купот ќе му биде екипата на Вардар.
Двете екипи, финалисти, имаа по две победи во групите, а битолчани до последната минута од натпреварор Вардар – Бутел го чекаа протривникот во финалето, а финалето за Вардар го обезбеди Гурбиндо во самиот финиш.
Финалето е закажано за од 21:15 часот, а претходно за трето место ќе се борат Тиквеш и Бутел, додека за петтото Струга и разочарувањето Металург.