Струга трим Љум – Пелистер 1:0 (0:0)
Екипата на Пелистер го забележа и вториот пораз во второто коло од Првата фудбалска лига, во ова коло е поразен од екипата на Струга во Струга.
Во тимот на Пелистер, тренерот Капинковски го внесе од стартот Французинот Глоир Антонио, а тимот се определи за одбрана.
Од стартот на продолжението, „пелистерци“ малку се отворија, а првата шанса ја имаше Дарко Размоски. Стружани успеаја да постигант гол за победа во 60. кога со глава погоди Скендери. Капинковски се обиде со замени да дојде до гол и израмнување, но не успеа.
Пелистер игра прв домашен натпревар веќе в среда со Шкупи.