Со одржувањето на втората фестивалска вечер, синоќа во Старата чаршија во Битола заврши 4. по ред “Фестивалот на староградска музика и вино“, кој како и претходните три помина во одлична атмосфера, а дел од гостите понесени од звуците на староградската музика, а на платото пред “Малиот битолски Монмартр“, како и петокот гостите слушаа музика, старогрдски песни, а на крајот понесени од се што се случуваше и заиграа.За двете вечери да останат во сеќавање на присутните битолчани од чаршијата во Битола, на малиот чаршиски плоштад, пред “Малиот битолски монмартр“ се погрижија групите “Мелос бенд“, “Деспина“, “Боеми“, Тамара Стојковска, “Чупињата“, Стрингс и легендарниот Нино Величковски.
Амбиентот на старата битолска чаршија во Битола, повторно се исполни со звуците на старите песни, народни и оние обнародени, кои заедно го изведувачите ги пееја и гостите.
Манифестацијата „Фестивал на староградска музика и вино“ се одржува во Битола, четврта година по ред, а организаторот сака на некој подруг начин да го врати сјајот на битолската чаршија.
Многу битолчани сакаат се присетат на еден период поточно во 80-90 години, кога тука беа кафулината, а повозрасните на некое друго подалечно време, кога тука беа занаетите, кафаните…, а улиците беа корзо и шетање.
Потребни се повеќе манифестации, со различни содржини, со кои би се вратиле традициналните и културни вредности кои и ги поседува оваа чаршија, а и секако Битола.

Се одржа 4. по ред “Фестивалот на староградска музика и вино“ во старата чаршија во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ротари клубот Битола Широк Сокак потпиша меморандум за соработка со Библиотеката
- Секуловски прозиваше, а потоа и прв тренинг на фудбалерите на Пелистер, под Тумбекафе во Битола (фотогалерија)
- Во Битола за три дена 5 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, активни 29 случаи
- Никола Пискачев нов директор на ОУ “Стив Наумов“ во Битола
- Фото вест: Марија Стојаноска го доби инженерски прстен од претседателот Пендаровски
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Бајага и “Инструктори“ и публиката во Битола и заедно ги пееја безвремените хитови (фотогалерија)
- Одличен концерт на балканската ѕвезда Девито во Битола (фотогалерија)
- Старата екипа ќе прави нова ретро журка “Орфеј – влез само парови“ со ди-џеј Славе
- “Ми фалиш“, нова песна на македонско-српското дуо “Стефанија & Владимир“ (видео)
- “Вулкан“ нова инструментална композиција на кларинетистот Благојче Трајковски (фото+видео)