Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен во продолженија, Секели најдобрар голман во Струга (фотогалерија)

Вардар – Еурофарм Пелистер 33:32 (28:28, 15:14)

Струшки турнир 2021 – финале

Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)

Еурофарм Пелистер: Секељи (15 одбрани) 1, Кизиќ (2 одбрани), Ивановски, Маџовски 2, Ојлески 1, Мандалиниќ 3, Обрадовиќ 6, Кукуловски, Периќ 1, Табоада 3, Мараш 3, Радовиќ 7, Костески, Божиќ Павлетиќ 4, Маркоски, Граџан 1, Кушан 

Седмерци: 2/1, Исклучувања: 6 минути

Вардар 1961:  Томовски (11 одбрани), Гогов, Али Сафер (1 одбрана), Кудуз 2, Гурбиндо 1, Тото, Диало, Јагуриновски, Чувара 2, Стоилов, Валчак, Моралес 4, Георгиевски 1, Карапалевски, Гаџа 8, Талески 2, Дибиров 10, Ѓукиќ 3, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски 

Седмерци: 5/3 Исклучувања: 10 минутиВардар 1961 е освојувач на 49-тото издание на Струшкиот ракометен турнир, откако се извлече од пораз и во регуларниот тек и во екстра времето и со гол од пенал во последната секунда славеше со 33:32, во натпревар во кој Еурофарм Пелистер ја имаше победата и турнирот, а ракометарите направија грешки во одлулувачките моменти од финалето.Во текот на целото прво полувреме имаше неизвесност односно постојано имаше игра во која постојано имаше резултатска изедначеност, се играше гол за гол, а битолчани имаа на два пати водство од два гола, но лесно ја прокоцкаа.Битолчани започнаа подобро, а вардарци цели седум минути не постигнаа гол, а имаше седум израмнувања.  Во 27. минута, првпат една екипа поведе со +2, а тоа беше Вардар, а со 15:14 заврши првиот дел.Вардар подобро отвори во вториот дел, но сепак во 40. минута беше 17:17, а потоа  екипата на Бабиќ поведе со +3, а во 54. минута беше +1 за Пелистер. Вардар се врати на 28:28 и следеа продолженија. Потоа Вардар се враќаше од -2, до егал и нова драма, а со звукот на сирената Вардар 1961 доби пенал за победа, кој го реализира Дибиров за финални 33:32.Радовиќ со седум и Обрадовиќ со шест гола беа најдобри во тимот на Пелистер, Мартон Секељи со 15 одбрани и еден постигнат гол и беше прогласен за најдбар голман.

More from СпортMore posts in Спорт »