Press "Enter" to skip to content

Пливачкиот клуб Југ од Битола со 11 медали на меѓународниот митинг во Охрид (фото)

Пливачите на пливачкиот клуб Југ од Битола вчера се натпреваруваа на првиот пливачки маѓунатоден митинг “ Охрид опен 2021“ кој се одржа на пливачкиот базен кај “Билјанини извори“, а беше во организација на пливачкиот клуб Аљуа Спирит од Охрид.Југ на овој турнир на кој учествуваа 138 пливачи, од 24 клубови, од Македонија, Србија, Албанија и Косово се претстави во вкупно 9 пливачи во машка конуренција освоија 11 медали, три златни и по четири сребрени и бронзени. Медали освоија:

-Михаил Петковски,  роден 2005 година, освои четори медали, прво место на 100 метри  грбно, прво место на 100 краул, второ место на 50 метри краул и 2 место на 50 метри грбно,

-Андреј Лозановски, роден 2007 година, освои три медали, прво место на 100 метри грбно, второ место на 50 метри  грбно и второ место на 50 метри градно.-Лука Талев, роден 2006 година, второ место на 50 метри грбно,

-Јован Илиевски, роден, 2006 година, освои 2 место на 100 метри краул,

-Андреј Китевски, роден 2010 година, освои трето место на 50 метри грбно,

-Максимилијан Лазевски, роден 2008 година, освои трето место на 50 метри делфин.Тренерот на пливачите на Југ, Михајло Трампевски за учеството и постигнатите пласмани, и освоени медали по враќањето во Битола ни рече:-Силна конкуренција, не е лесно да се плива со 138 пливачи, но нашите млади натпреварувачи се претставија во најдобро издание, а како резултат на тоа освоивме и 11 медали. Добро работевме летниот период, тренираме по  два пати на ден на Олимпискиот базен во Битола, а во тоа темпо и ќе продолжиме. Мене лично ми е посебно криво, што во Охрид не се појавија и нашите млади пливачки кои исто така имаа шанси за освојување на медали, а сиурно ќе беа на победничкото постолје, но се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме комплетни и во Битола ќе донесеме повеќе медали.А, младите пливачи од Битола нема долго да чекаат да се појават на базенот и да се радуваат на медалите, тоа ќе биде на 19 август во Струга.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »