Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, полладне можен дожд и грмежи

Денес, вторник, 17 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.  Температурата во Битола до 35 степени. УВ=8.

Утре, среда, 18 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен,  ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 34 степени. УВ=8.