Press "Enter" to skip to content

Зоран Вељновски го претстави проектот “Trainer 1.0 Beta“ кој го реализира “Спорт талент“ (фото + видео)

На прес-конференцијата која се одржа денес во хотел “Премиер“ на која учествуваа и партнерите на “Спорт талент“, КК Хераклеа, ФК Рис, РК Феникс, спортски работници, професори и претставници на медиумите, Зоран Вељановски, зборуваше за проектот од “Ерасмус“ програмата.Под палката на спортската организација “Спорт талент“ од Битола во рамките на “Еразмус“ програмата насловен “Trainer 1.0 Beta“, се реализира проектот, а првиот човек на организацијата, Зоран Вељановски го претстави проектот со видео-презентација, а потоа ги објасни и целите на двојната кариера на еден спортист.-Целта на проектот е да се подготви едукативна програма за млади спортисти, благодарение на која програма тие би можеле да научат повеќе за работата на еден тренер во одредена спортска дисциплина.  Тие ќе ги проценат сопствените предиспозиции за професионален тренер и ќе започнат да собираат свои искуства за професијата. Обуките се реализираат во договор со спортската институција одговорна во секоја земја, рече Вељановски.

Секој партнер поканува спортски федерации, училишта, академии да потпишат протокол, со кој се обврзуваат да го вклучат моделот „Trainer 1.0 Beta“ во нивните вообичаени едукативни тренинзи.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »