Press "Enter" to skip to content

Зоран Лазаревски – Паљо, прв започна со собирање на потписи за независен кандидат за градоначалник на Битола

По распишувањето на локалните избори во 2021 година прв битолчанец кој го “скрши мразот“ и започна со собирање на потписи за независен кандидат за градоначалник на Битола, е Зоран Лазаревски – Паљо. Лазаревски согласно предвидените рокови за собирање на потписи, од денес 17 август па се до 30 август, ќе се обиде да ги собере 35о потписи потребни за независен кандидат за градоначалник на Општина Битола.-Повелете потпишете се да ги собериме потписите, секој со лична карта и со наполнати 18 години. Потписите се берат во шалтерите на Државната Изборна Комисија. Ова е втора голема шанса да ја спасиме Битола. Не ја пропуштајте како првата шанса. Ајде да не ја пропуштаме втората шанса да ги собериме потписите, напиша на “фејсбук“, Зоран Лазаревски.

More from ВестиMore posts in Вести »