Продолжина натпреварите во “А“ дивизијата во амерички пул билјард, а на ред беше дисциплина “9-ка“, а се одржа второто коло, а битолските билјард играчи имаа битолско финале во “Б“ дозивија и трето место во “А“ дивизијата.
Во најквалитетното натпреварување Битола оваа година ја претставуваат тројца играчи кој што се пласирани според својот рејтинг но ќе мора со својот пласман да го оправдаат за до година доколку сакаат да останат во најквалитетните во кое бодирањето е индивидуално.
Илче Трајковски е веќе долги години веројатно играч со најстабилна форма во Македонија. Победува лесно, а кога губи, губи тесно. Со сигурна игра стигна до полуфиналето, а таму изгуби 8:7 од победникот на овој турнир. Со ова високо трето место и второто место на претходниот опасно му се доближи на првопласираниот во генералниот пласман Дарко Ацески на само 20 бода. Според квалитетот кој е на страната на Илче и според стабилноста која ја покажува веројатно е веќе на наредниот турнир да го запоседне врвот каде всушност и му е местото.
Горан Думевски забележа два порази со доста подобра игра од минатиот турнир, но за некого кој има неколку први места по дисциплини и во севкупен пласман ова е премалку.
Тино Бојаџиев успеа “на мускули“ да извојува две победи и според бодовите е во безбедна зона, но ќе мора да поработи како би немал толку осцилаторна игра.