Press "Enter" to skip to content

Во Битола трет по ред пораз на Пелистер, по два брзо примени гола за пет минути (фотогалерија)

Пелистер – Шкупи 0:2 (0:2)

Во третото коло од Првата фудбалска лига во Битола, под Тумбекафе, екипата на Пелистер го доживеа и третиот пораз од екипата на Шкупи, со 0:2, полувреме 0:2, со примени два необични гола, за пет минути. Првиот примен во првата минута, а вториот со автогол, кој ретко кој се гледа на терените.По педесет секунди Радески со силен удар по земја го совлада Трајчевски за 0:1 за Шкупи, а вториот со смешен автогол, по обидот да расчисти, Виктор Крстевски го погоди соиграчот Алпај Јусуф, кој ја затресе сопствената мрежа за 0:2.По неочекуваното водство Капинковски веднаш го внесе Михаил Талевски наместо Размоски, а подоцна и Зеќири пред крајот на првиот дел доби шанса, со што “пелистерци“ започнаа да играат поагресивно. Следуваше и црвен картон по што Пелистер играше со играч повеќе, но на одмор се отиде со 0:2.Вториот дел во Битола, гостите го одработија за победа. Пелистер преку  Миленковски и Маневски не погодија за гол, а во 71. минута Руатубјаје од самата гол линија спаси чист гол по ударот на капитенот Маневски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »