Што имаат слично Виена и Битола? Имаат позната пешачка улица во центарот со слична архитектура од времето на сецесијата, а и двата градови имаат кафетерија со име “Централ“. Таа во Виена е една од најстарите во овој дел од светот, а оваа во Битола е со далеку понова дата, но се појавува тука со сериозна цел, да остане долго и да ја слави кафе културата и добрите десерти во градот познат по уживањето во пиење на кафе.
Лоцирана на почетокот на најамбиенталната улица во Македонија , на битолскиот Широк Сокак, на самиот агол кој и дава прекрасен поглед кон најпознатите топоними на градот, Саат Кулата, Јени Џамија, фонтаната, споменикот… Тука е омилената прва станица за утринските кафеџии, кои точно знаат зошто тука го пијат првото кафе, читајќи ги утринските весници. Овде е локацијата каде го гледате вистинското будење на градот.
Кафе “Централ“ е и локација на која застанувате на пладневен одмор или пауза доколку работите во некоја од околните комапнии или институции. Кафето го комбинирате со врвен сладолед или некое од слатките задоволства кои ги има на менито од “Централ“.
Ако Ваш период од денот е попладнето, тогаш кафе “Централ“ го нуди мирот на еден динамичен ден, па избирате освежителен коктел или некое од долгата листа на кафиња, збогатени со додатоци, за оние кои не сакаат само обична шолја кафе.Навечер Широк Сокак е главната артерија на ноќниот живот, па кафе “Централ“ е повторно епицентар, овој пат на расположени друштва кои тука ја минуваат вечерта во разговори кои го раскажуваат денот или ја планираат иднината.
Раскошен објект е аголот на Широк Сокак благодарение на кафе “Централ“, оплемент со убаво негувано зеленило, пријатна сенка, совршен поглед на убавиот град и исклучително љубезен персонал.
Кафе “Централ“ две години е Ваше место. Броиме заедно нови денови и нови причини за радост во иднината. Среќни сме што две години сме заедно со Вас. Множиме убавини, заедно.