Press "Enter" to skip to content

Навивачите се вратија под Тумбекафе, “Чкембарите“ со почит кон Трската и баклијада (фотогалерија)

Во Битола, на стадионот под “тумбекафе“ по повеќе од една сезона, со донесување на протоколите за присуство на навибачи на стадионите, битолските љубители на фудбалот се вратија на трибините.Навивачката група “Чкембари“ денешното враќање на трибините во Битола му го посвети на прерано починатиот нивни водач, Александар Ставревски – Трска.На нивното сеќавање за Трската се приклучи и ФК Пелистер, а фудбалерите пред почетокот на натпреварот излегоа со маици и транспарент во негова чест, а натпреварот започна со една минута молчење за Ставревски.Традиционално, средина на првото полувреме “Чкембарите“ направија “баклијада“, а не изостана ни навивањето кон фудбалерите на Пелистер.На трибината под Тумбекафе се најдоа и неколку стотини најверни навивачи на Пелистер, кои со нетпрение го очекуваа враќањето на публиката на стадионите, но за жал поради поразот на фудбалерите не можеа дополнително да се изрдуваат.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »