Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: побегнал од полиција, физички напад на ул. “Козјак“ и фатени лица при кражба

На 17.08.2021 година околу 19.50 часот на ул.„Краварски пат“ во Битола, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес “, управувано од 46 годишник од Битола. При обид да извршат преглед во возилото и кај него, лицето одбило да излезе од возилото и со голема брзина побегнал, при што ја загрозил безбедноста на полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. За настанот бил известен Јавен обвинител.

На 17.08.2021 година во 01.20 часот во СВР Битола, Е.Џ. од Битола пријави дека на ден 16.08.2021 година околу 23.10 часот на ул. „Козјак“ во Битола физички бил нападнат од лице од Битола и лице од Ресен. Се работи на расчистување на случајот.

На 17.08.2021 во 02.50 часот на бул.„1-ви Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 28 и 40 години, двајцата од Ресен. Тие биле затекнати при извршување кражба, при што кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои им биле одземени. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.