Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ со работилници на тема “Културното наследство во мојот град“

Во соработка со НУ Завод и музеј Битола и ОУ “Ѓорги Сугарев“ од Битола “Сумнал“ од Битола одржа интерактивни креативни работилници во во Пациото на Завод и Музеј. Децата добија можност да слушнат интересни предавања и креативно да се изразат, во повеќе техники и да работат на разни теми.Доминантна беше нивната желба овој пат да сликаат мотиви од мозаиците во Хераклеа Линкестис, како и експонати најдени во овој локалитет. За овие едукативни и забавни работилници благодариме на нашите пријатели наставничката Наташа Тодоровска и на д-р Ирена Ружин, која ги вклучи децата во едукативните активности “Учиме за нас” на Н.У. Завод и музеј.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »