Press "Enter" to skip to content

Публика во сала, в сабота на Еурофарм Пелистер – Мешков Брест, до билет кој прв он-лајн (линк)

Натпреварот Еурофарм Пелистер од СЕХА лигата против белоруски Мешков Брест кој ќе се игра во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“  ќе се одигра со публика според предвидените протоколи, кои се предвидени за заштите од ковид-19.

Домаќинот, екипата на Еурофарм Пелистер, како организатор на натпреварот во Битола, посочува дека на овој натпревар ќе ги преземе сите мерки за организацијата за натпреварот да помине со целосно почитување на протоколите и највисоко ниво на заштита. За таа цел ќе биде потребно навивачите и симпатизери целосно да се придржуваат на препораките и протоколите. Според новите насоки од Владата, на натпреварот ќе може да присуствуваат само лица кои ќе приложат потврда за извршена ЦЕЛОСНА КОВИД-ВАКЦИНАЦИЈА.

Билетите за натпреварот по цена од 200 денари ќе може да се купат исклучиво он-лајн преку платформата за продажна на билети (https://kartieurofarm.mk/#).

Продажбата на билети ќе започне в петок (20. август) во 18:00 часот и страницата ќе биде отворена се до целосно исцрпување на предвидените билети. Со една трансакција ќе може да се купат максимум три билети.

Од таборот на битолчани потенцираат дека доколку купите билет, а немате потврда за целосна ковид-вакцинација билетот НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ И РЕФУНДИРА.

В сабота (21. август) секој поединец кој има купено билет за натпреварот ќе мора да изврши промена на испринтаниот билет со билет за влегување на натпреварот. Притоа секој индивидуално ќе мора да приложи потврда за целосна ковид-вакцинација.

Пултот за промена на билетите ќе биде отворен пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во следните термини:

– Од 11:00 до 13:30 часот замена на билети за јужна трибина
– Од 13:30 до 16:00 часот замена на билети за северна трибина

При влез секој ќе мора да го покаже билетот кој и електронски ќе се чита и идентификува. Влезот во спортската сала ќе биде строго ограничен и се замолуваат сите лица кои нема да имааат билет за натпреварот да не се обидуваат да влезат во салата и со тоа непотребно само да создаваат гужви. Столчињата на кои ќе може да се седи во салата ќе бидат јасно означени и се замолуваат сите гледачи цивилизирано да се придржуваат до своите места за седење.

More from СпортMore posts in Спорт »