Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: Мешков Брест е најсилниот противник кој во последно гостувал во Битола

Утре во Битола ќе се одигра првиот натпревар од четврт финалето од СЕХА лигата, а доаѓа екипата на Мешков Брест од Белорусија. Ова ќе биде нов силен тест за Пелистер, прв на стартот на сезоната.

За ова средба, тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, кој го водел и белорускиот првак, преку кој “пелистерци“ можат во “фајнал-фор“ турнирот во Задар, вели:-Мешков Брест е многу добар противник, кој минатата сезона беше четвртфиналист во Лигата на шампионите. Во последно време има голем европски раст, победува големи европски натпревари и во последно време веројатно е најсилниот противник кој дошол во Битола. Ни следи еден голем предизвик, голема радост за сите нас. Спремни сме и желни да се натпреваруваме и верувам дека можеме до добар резултат без обзир што се тим од Лигата на шампионите и имаат силен тим.  Освоениот Суперкуп сигурно многу значи за самодовербата. Секако дека сите сме среќни, задоволни и горди. Сепак, познато е дека во спортот минатото не се брои. Нашата форма уште не е одлична, уште е припремен период, работите паралелно на физичка и тактичка припрема. Се виде на турнирот во Струга дека правиме многу технички грешки кои ние не ги правиме. Не сум загрижен, верувам во своите играчи, верувам во нашата работа и уверен сум дека ќе имаме многу добра сезона без разлика на исходот од натпреварот против Мешков Брест. Ни следи многу добра сезона и секако дека се надевам на уште некој трофеј.

И Бојан Маџовски не го оспорува квалитетот на гостите, и додава:-Ние се подготвуваме и веруваме во победа. Во целост сме задоволни од последните две недели, одигравме одлични натпревари. Иако последниот натпревар го загубивме, одигравме одлично. Полека почнуваме да се вклопуваме и амбиентот пред овој натпревар е одличен.  Иако имавме краток период да се спремиме по турнирот во Струга, мислам дека ќе бидеме подготвени. Не би издвојувал никого од Мешков Брест. Скубе е одличен играч, но имаат и одлични десни крила, добро се покриени на голманската позиција. Се работи навистина за одличен тим.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »