Press "Enter" to skip to content

“Ohrid Open 2021“ – 14 медали за пливачите на Олимпик од Битола (фото)

На меѓународниот натпревар „Ohrid Open 2021“ пливачкиот клуб Олимпик” од Битола со своите пливачи успешно се натпреваруваа и продолжија со освојување медали. „Ohrid Open 2021“ се одржува прв пат на пливачкиот базен „Билјанини извори“ во организација на пливачкиот клуб Аљуа Спирит од Охрид. На овој турнир учество зедоа вкупно 138 пливачи од 24 клубови од нашата држава и од соседните Србија, Косово, Албанија.Тренерот на ПК Олимпик Кире Марков задоволен од постигнатите резултати истакна:

-Настапивме во сите катеогирии од најмала до највозрасна.Задоволен сум од освоените места и секако многу подобрени пливачки резултати. Секако дека успехот се должи на напорните тренизни оваа летна сезона. Пливачите на ПК Олимпик тренираат два пати на ден на Олимпискиот базен во Битола. Ова лето секако многу ни помогнаа летните денови со високи темпертури, без дождливи денови кои ни овозможија повеќе денови за тренинг.Вкупно 10 пливачи во различни категории ги освоија следните места.

1. Динев Христо со 3 освоени места, роден (2004)
2. Матеј Керимичиев со 2 освоени места, (2012)
3. Бојан Лошковски 2 освоени места (2008)
4. Јаков Мицевски (2010)
5. Никита Ангеловски ( 2011)
6. Марко Коревски (2013)
7. Теона Бибовска ( 2012)
8. Срна Лошковска ( 2010)
9. Лора Крстевска
10. Изабела Војневска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »