Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: обид за напад со автомобил, 86 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 22.08.2021 година во СВР Битола, Џ.М. (52) од Битола пријави дека на ул. „Довлеџик“ во Битола, додека се движел со мотоцикл едно лице со патничко возило му го пресекло патот и се обидел да го нападне со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера (22.08.) во периодот од 15 до 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 86 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »