Press "Enter" to skip to content

Денес стартуваат кошаркарите на Пелистер, Малешевиќ останува во тимот

Денес во Битола, на првата прозивка на кошаркарите на Пелистер, ќе се појави и српскиот кошаркар, Никола Малешевиќ, кој се договори со клубот и во следната сезона да ги брани зелено-белите бои на Пелистер, а “пелистерци“ немаа сомнеж и му го продолжија договорот на уште една година. 

Малешевич кој има 32 години во Битола пристигна во клубот минатата сезона, а во сезоната даде голем придонес и беше меѓу главните играчи на тимот.

Малешевиќ во Битола дојде од Златибор, а играл и во Волунтари, Београд, Кошалин, Слобода Ужице, Стеауа Букурешт, Металац, Младост Мркоњиќ Град иСлав Вроцлав, бил и репрезентативец на Србија.

Претходно во таборот на „зелено-белите“ пристигнаа Хотон, Младеновски, Младеновиќ и Караџовски, Чиз, а клубот ги продолжи договорите со неколку играчи од минатата сезона. 

More from ВестиMore posts in Вести »