Согласно роковите за собирање на потписи, денес на иницијатива на “Поинаку“ од Битола се започна со собирање потписи за листа на советници, а за носител е пријавена, актуелната советничка во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, која беше носител и на претходната листа.
Од “Поинаку“ денес соопштуваат дека ја започнаат постапката за собирање на потребните 350 потписи за листа на советници во советот на Битола. Собирањето на потписите е до 30 август секој ден во периодот од 08 до 20 часот во просториите на Државна изборна комисија во Битола (зградата на поранешна општина Борово), а како истакнувата од “Поинаку“ денес била собрани половината од потребните потписи.
Листата носи наслов “Група избирачи-за членови на совет на Општина Битола-Габриела Илиевска”.