Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади во казино, во семеен дом, во социјални грижи и сообраќајни контроли

На 25.08.2021 во СВР Битола, М.А. од Битола пријавила дека во казино во Битола физички била нападната од 30 годишно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2021 во СВР Битола, 70-годишна жена од Битола пријавила дека во нејзиниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот син на возраст од 47 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2021 во СВР Битола Ѓ.Н. (54) од Битола, вработена во Центар за социјални работи во Битола, пријави дека на работното место била физички нападната од странка, на возраст од 19 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 15 возачи управувале возило без возачка дозвола, две возила биле со измината регистрација, четири возачи управувале возило под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »