Press "Enter" to skip to content

KK Пелистер во Битола ги започнаа подготовките за новата сезона со тим за титули (фотогалерија)

Синоќа во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ кошаркарите на Пелистер ги започнаа подготовките за новата сезона, во која покрај за домашниот шампионат и Купот ќе се борат и во АБА2 лигата, битолски Пелистер, а според она што го видовме на паркетот и кои имиња се во Битола, клубот значително се засили за предизвиците кои следат.

На првата прозивка на кошаркарите им се обрати претседателката на клубор Мери Ковачевски која на сите им посака успешна сезона, сезона посакуваат да се игра како прво си публика во салата, сезона без заразени и болни од ковид-19, сезона без повреди и сезона на која сите заедно би се радувале, старите кошараки од минатата сезона, новајлиите кои со себе донесоа нов квалитет, стручниот штаб и публиката.На прозивката се појавија, а потоа го одработија и првиот тренинг под водство на тренерот Марјан Илиевски, новите кошаркари Хотон, Младеновски, Младеновиќ и Караџовски, Чиз, и кошаркарите со кои се продолжени договорите Стајиќ, Кесар и Малешевиќ.Тренерот Илиевски по првиот тренинг изјави:-Можам да кажам дека ова е еден нов почеток за нас. Точно е дека имаме нов ростер, но тој ростер не треба да не залажува дека уште во август треба да се прогласиме за прваци и дека уште од сега е завршена работата. Јас познавам многу екипи кои се прогласиле за шампиони во август, ама во мај други го кревале трофејот. На хартија сме поквалитетни од минатата година, имаме повеќе измени и играчи кои може да одговорат како на домашната, така и на меѓународната сцена. Пелистер во рок од една година бележи голем скок што е добро, но тоа може и да ни се одрази, затоа што прескокнуваме многу скалила. Посакувам резултати како лани, повисок пласман и да се претставиме на меѓународна сцена најдобро што знаеме бидејќи ние како стручен штаб и играчите имаме такви мечеви. Ова е предизвик и за управата, затоа што, сепак, ова е е нешто ново за сите нив, а за натпреварите во АБА-2 лигата, додаде:-Најсреќен ќе бидам ако играме на домашен терен, бидејќи кога се носи едно меѓународно натпреварување во градот, клубот живее за градот, а градот за клубот. Оние „балони“ имаат друга драж, постојано си на гости каде и да си. Во вакво натпреварување најважни се навивачите кои и тоа како значат за сето она кое се создава и за сето она кое треба да биде претпознатливо, додаде стратегот.

Според Илиевски планот за подготовки е тој што прво ќе се одработат базичните подготовки во Битола, а од втората седмица на септември се очекува да се играат пријателски натпревари, со поквалитетни екипи, надвор од Македонија, за да имаат реална слика за тимот пред настапите во АБА-2.

More from ВестиMore posts in Вести »