Press "Enter" to skip to content

Божиќ Павлетиќ: четири гола не се ненадоместливи, во спортот сè е можно

Екипата на Мешков Брест минатиот викенд во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ го надиграа Еурофарм Пелистер во четвртфиналето од СЕХА лигата, а победата беше изразена со 4 гола, а тоа значи дека “битолчани“ ќе бркаат -4 во Белорусија, за каде заминуваат денес во попладневните часови.

Во реванш натпреварот во Белорусија, ракометрите од Битола имаат шанса за поправен испит, кој се игра во недела во “„Викторија Арена“ во Брест.

Битолчани се оптимисти за поправање на впечатокот, а годинашното засилување во тимот вели:

-На натпреварот во Битола не ја покажавме правата слика, игравме под нашите можности и сигурно можеме подобро. Зе надевам дека во Белорусија ќе покажеме подобро лице. Не се откажуваме, четири разлика не се многу, во спортот сè е можно. Одиме на победа во Брест. Сигурно дека добро се подготвија двете екипи за првиот натпревар, но тоа не беше наш ден. Сите како екипа потфрливме, но одиме во Белорусија да се покажеме во подобро издание. Со секој тренинг, со секој натпревар се подготвуваме за тоа што ни следи. Сите добро знаеме што е пред нас. Со секој тренинг напредуваме и може да биде само подобро.

More from ВестиMore posts in Вести »