Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер заврши со настапите во СЕХА лигата, елиминиран од Мешков Брест

Мешков Брест – Еурофарм Пелистер 35:31 

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола не успеа да ја помине четвртфиналната пресметка во СЕХА лигата, и по поразот во Брест од екипата од Мешков Брест со иста негатива како и во Битола 35:31, е елиминиран од четвртфиналето од СЕХА лигата, односно остана без пласман во “Ф4“ во Задар. Иако битолчани отпатуваа во Белорусија со надеќ дека може да се случу чудо и да бидат дел од завршницата во Задар тоа не се случи.

На стартот на натпреварот Еурофарм Пелистер го запиша првото водство на натпреварот 1:2, по  што до 8 минута го одржуваа водството од гол разлика, а по неколку грешки во напад  на битолчани и серија од 6:0 домаќинот се одлепи на 11:5. На десет минути до крајот беше  осум гола разлика, а на полувреме се отиде со -4 на полувреме (18:14).

Во второто полувреме “пелистерци“ ја вратија неизвесноста на натпреварот и доаѓаше на -1, но Мешков во 43. минута пак се врати на четири гола плус. На крајот Мешков Брест влезе со позитива од шест гола, која на крај беше намалена за два гола, за конечни 35:31

Кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет гола, а четири постигна Мараш.

More from СпортMore posts in Спорт »