Домашните се фаворити на реваншот, но на ракометарите на Еурофарм Пелистер е да се обидат да дојдат до позитивен резултат.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола од вчера се во Брест, Белорусија, каде денеска со почеток во 16 часот, ќе се обидат да ја анулираат разликата од -4 од Битола, и да се реваншираат за поразот на Мешков Брест, во рамки на четврт-финалето од СЕХА лигата.
Мешков Брест во Битола се покажа како добра екипа, и заслужено победи со 31:27, па сега ќе се обиде со добар резултат да стигне до Ф4 турнирот во Задар. Од друга страна, екипата на Еурофарм Пелистер има тешка мисија со оглед на тоа што Мешков Брест е состав кој игра добро на домашен терен.
До успех “пелистерци“ ќе траба да вложат многу напор и залагање во сите 60 минути, како и рекоа и тренерот Бабиќ, Кизиќ, Периќ и останатите.