Press "Enter" to skip to content

Во Битола 2 нови позитивни на ковид-19, оздравени 7, хоспитализирани 28 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 2.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од кои од Битола се 7.

Утрово бројот на хоспитализирани на инфективното одделение во Битола е 28 пациенти, а имаше 48 амбулантски прегледи. 

Пријавени се 32 починати лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.152.327 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077.