Поранешниот кошаркар, на сите битолски клубови, Џими Стојановски, ја изгуби битката со ковидот и почина во Торонто, Канада.
Стојановски битолчани ќе го паметат како поранешен кошаркар кој настапуваше во сите три клубови од Битола, Пелистер, ЗК Пелагонија и Студент, а играше на позиција бек-шутер. Стојановски ја прекина кошаркарската кариера и замина за Лондон, Англија, потоа се врати во Скопје, а патот го однесе во Торонто, Канада каде и почина.Стојановски остана вљубенок во кошарката и секое доаѓање во Битола го користеше за дружење со своите поранешни кошаркарски другари, Мандичо, Дандо, Оли, Сушо, Коста…, а секогаш кога тој беше во Битола настапуваше за екипата на ветерани на Пелистер.
Џими битолчани ќе го паметат како ретко ведар лик, кој секогаш наоѓаше време за дружење со своите пријатели, а ги имаше многу во градот каде порасна, каде секаде беше омилен гостин.