Press "Enter" to skip to content

Ротации во ФК Пелистер, Миленковски замина, се врати Драгарски

По само еден месец престој во Битола и одиграни неколку натпреваро, битолчанецот Фили Миленкпвски го напушти Пелистер и замина за Штип, да ги брани боите на Брегалница. Иако Миленковски пред еден месец, стави потпис на едногодишиот договор да игра во Битола, договорот е спогодбено раскинат и 31-годишниот фудбалер се сели во редовите на новиот прволигаш Брегалница, каде играше пред две сезони. Пред три Миленковски ја носеше капитенската лента.

Раководството на Пелистер од Битола соопшти за официјализира на уште едно засилување, а стар-нов член клубот од Битола е Хростијан Драгарски, пред десетина дена замина од албанскиот лигаш Теута.

Пелистер, фудбалерите и фудбалската јавност во Битола се во исчекување на разврската околу преземањето на клубот од страна на новите сопственици.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »